Лимонов сок за сјај во очите
Најраниот запис за употребата на шминка датира од првата египетска династија која владеела од 3100 и 2907 година п.н.е. Жените тогаш ставале темнозелена боја на очните капаци и јаглен на трепките. Уште тогаш е измислена и првата крема за против брчки, направена од темјан, бадемово масло, билки и ферментиран овошен сок кој го применувале секојдневно. За сјај на очите ставале по капка лимонов сок во секое око. Се верува дека употребата на шминка од Египќаните, ја превземале Евреите будејчи шминкањето на лице поминува и во Новиот Завет.
Топли бањи и парфеми од зачини
Во текот на средниот век во Европа употребата на шминка била забранета и се сметала како оружје на ѓаволот. Но тоа важело само за обичниот народ, бидејќи претставниците на повисоките класи не биле имуни на предноста на украсување на лицето и телото. За да го истакнат своето богатство и фактот дека не треба да работат се труделе кожата да им биде посвелта , па белењето на лице било популарно. Еден од најпопуларните третмани во тоа време било бањањето во топла вода, и се правеле парфеми од цветни масла и зачини.
Смртоносната пудра
Со доаѓањето на ренесансата, жените барале нов начин како да ја избелат кожата и да се постигне идеалот на “порцеланско лице”. Тогашната пудра била мешавина од хемиски супстанци кои сериозно го загрозувале здравјето. Па парализата и смртта биле чести последици од шминка. Еден италијанец направил пудра од арсен кој за големи пари ја продавал на богатите дами и ги советувал да ги стават на лицето кога се во кревет со мажите. Како резултат на популарност на овој производ биле 600 мртви мажи и исто толку богати вдовици.