Покрај победите над Хрватска, посебно драгата победа над Грција, покажавме дека имаме сериозни и талентирани момци во репрезентативниот тим на Македонија, и дека со овој кошаркарски тим ни „Св. Литванија“ ниту судии нути било кој ништо не ни може, а да не збориме дека целава „историја“ се одвиваше на домашен терен!
Момците на Марин Докузовски, ни на момент не им дадоа можност на Литванците да се одалечат од минималната разлика , едноставно „им дишеа во врат“. Домаќините на натпреварот најголемата предност ја имаа во втората четвртина кога дојдоа во предност со 31-22, но на полувремето отидоа со плус четири поени (34-30).
Претежно низ целиот натпревар, Литванците го одржуваа водството од неколку поени, но со текот на натпреварот постепено разликата се намалуваше. На резултат од 65-63 несреќната Литванија имаше напад, но Жасикевичиус на 33 секунди пред крајот ја изгуби топката.
МекКејлеб ја испушти шансата да изедначи, па така домаќините ја земаа топката, но Сонгаил ја изгуби за само пет секунди. Нашиот тим не ја испушти оваа можност па Илиевски изненади со тројка за водство на Македонија од 66-65 на единаесет секунди пред крај на натпреварот. Следеше уште еден обид на Жасаитис да го преврти резултатот, но промаши две секунди пред завршницата, а Илиевски од линијата за слободни ги „дотолчи“ Литванците.
Неспорно е дека повторно Бо МекКејлеб го предводеше Македонскиот тим со постигнати 23 кошеви, додека Војдан Стојановски постигна 15, а Владо Илиевски 12 кошеви. Од противниците Робертас Јавтокас забележи 13 поени и шест скокови.
Во полуфиналето Не чека Шпанија, која ја совлада Словенија со 86-64, па така ќе се воздржиме од секакви коментари сега засега. Но само едно знаеме, одиме кон победа, посилни од било кога! Напред Македонија! Напред Македонија! Напред Македонија!…