Поранешната британска ТВ презентерка и модел Кејти Пајпер (27) заблескала во вторникот вечерта на доделување на телевизиските награди, три години откако поранешеното момче и испратил пријател за да ја полие со киселина по лицето. Кејти сега раководи со хуманитарна организација за помош на лица со слични проблеми, а снимила и инспиративен документарен филм во кој таа зборува за нападот, и борбата за нормален живот.
По многубројните операции Кејти е полека го вратила својот прекрасен изглед, а во фустан со откриени рамената и високи потпетици ги воодушевила многубројните британски ѕвезди, кои биле собрани во еден луксузен хотел во Лондон.
– Потпишав договор со телевизиска куќа, но планирам и да лансирам сопствена козметика линија за покривање на лузни, изјавила Кејти за Дејли Меил.
Кејти во нападот се здобила со изгореници од трет степен, каде и изгорело левото уво, голем дел од носот, лицето, очите, устата, јазикот, хранопроводот, рацете, вратот и градите кои исто така биле сериозно изгорени. Две години носела пластична маска за да си ги поврати цртите на лицето.
Поранешниот дечко на Кејти, Дени Линч (35) ја силувал цели осум часа, а потоа повикал пријател да ја полие со киселина. Нејзиниот поранешен дечко Линч, и неговиот пријател Стефан Силвестре биле осудени и добиле доживотна казна затвор.