Италијанскиот премиер во јули годинава, во разговор наводно, со негов уредник, изјавил дека германската канцеларка е “изеб… дебела куч..” и се разбира сето тоа било снимено на лента. Силвио Берлускони (74) својот опис за Ангела Меркел (57), наводно, го дал во телефонски разговор, кој бил снимен од страна на иследниците кои биле ангажирани во врска со случајот за уцена на премиерот, пишува Daily Mail.
Повеќе денови во парламентарните и новинарските кругови се зборувало за прислушкуваниот разговор, но никој не се осмелил да ја објави целосно, навредливата содржина. Сепак, снимката била објавена на неколку веб портали, и за кратко време стигнала и во Германија. Најдобро продаваниот весник Билд во вторникот објавил напис под наслов “Дали Берлускони ја навредил нашата канцеларка Меркел?. Портпаролот на премиерот изјавил дека нема коментар, а весникот Ил Џорнале, кој е во сопственост на семејството Берлускони, ги опишал обвиненијата како дезинформации.