Речиси два часа во петокот на 12-ти ноември овој објект се „мавташе“ над Керол Мериленд создавајќи голема бука, проследена со „сонични“ пукотници (сочни – вибрации кои ги тресат прозорците).
На видеото се појавуваат три бели светла во триаголна формација,која не се поместува и плус други црвени ослепувачки светла од хиликоптер кои кружат околу објектот.
„Видеото го снимив со мобилен телефон од пријателка на мајка ми. Ве молам не замерувајте на должината на овој видео клип. Сите посакуваме да беше подолг, но не е!“-вели сведокот на настанот.
Дечкото кој го снимил видеото истотака вели дека негов пријател се вратил специјално во Мериленд минатата сабота, за да направи некои „ископувања“ на информации. Тој вели дека одговорите од повеќето соседства биле чудни и непредвидливи, а имало и некои жители кои потврдуваат дека слушнале пукотници, притоа пробале да му ги објаснат реакциите на прозорците и вибрациите во самата куќа, предизвикани од буката, додека пак соседите во следната куќа велат дека не знаат ништо и не слушнале ништо.
Пријателот на момчето кое го снимило видеото, се консултирал и со локалната полиција но тие не му дале никакви конкретни објаснувања за пукотниците.
Во прилог еве го снименото видео :