Мадона ги разочара италијанските политичари

popara15 септември, 20111min00
madonna_08

Американската поп икона Мадона ги разгневи дел од италијанските политичари со нејзината изјава дека италијанскиот премиер Силвио Берлускони ја „изиграл целата земја“.

Пејачката во интервјуто за италијанскиот магазин „Денес“ (Oggi), на прашањето што мисли за италијанскиот премиер кој се соочува со обвинување за секс со малолетна проститутка едноставно одговорила „Зар „Економист“ не кажа се?“

Во почетокот на оваа година „Економист“ направи анализа на кризата со која се соочува Берлускони заради неговите фамозни „бунга-бунга“ забави. Анализата беше насловена како „Човекот што ја изигра целата земја“.

Истото списание во 2001 година објави статија под наслов „Зошто Силвио Берлускони е неспособен да ја води Италија“.

Коментарот на познатата пејачка наишол на силно незадоволство кај италијанските политичари кои го подржуваат Берлускони.

Италијанскиот пратеник Карло Џованарди изјавил дека мислењето на Мадона за поитиката не вреди ништо. Пратеничката Габриела Карлучи изјавила дека е разочарување што Мадона ја критикува Италија, земја која многу ја сака пејачката. Според Карлучи, очигледно е дека Мадона има комунистички начин на гледање на светот и дека очигледно нема никакво познавање на Италија.

Пратеничката Даниела Сантанче повика на бојкот на новиот филм на Мадона, бидејќи смета дека пејачката навредила милиони Италијанци. Ако го погледнеме фактот дека италијанскиот пазар е навистина голем, добро би било Мадона да се извини за „навредата“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma