Блиски соработници на италијанскиот премиер Силвио Берлускони ја обвиниле поп пејачка Мадона дека “наврдила” милиони Италијанци за коментарите кои ги кажала на сметка на премиерот на Италија, и поради тоа ја нарекле – комуниста.
– “Мадона навреди милиони наши сограѓани, таа оди против демократскиот избор на милиони Италијанци кои гласале за оваа влада – изјавил државниот секретар Даниела Сантаке.
При презентирање на својот нов филм „W.E.“ на фестивалот во Венеција, поп-ѕвезда Мадона била запрашана од новинарите што мисли за италијанскиот премиер Берлускони. Мадона им одоговрила со зборовите: “Не сакам воопшто да коментирам”. Но, британскиот неделник Економист веќе се има кажано во врска со него, зарем не? ”
Да потсетиме дека Економист неодамна го претстави Берлускони како” човек кој ја измамил целата нација “, пренесува Курир.рс
– Многу сум разочарана што Мадона ја превзема тезата на Економист. Се чини дека таа има комунистичка прес служба, која ја тера така да зборува, за потоа комунистичките весници сето тоа да го пренесат, изјавила Габриел Карлучи, портпарол на партијата на Берлускони (ПДЛ).