Актерот, режисер и продуцент Тајлер Пери се најде на листата на Форбс како холивудски великан кој најмногу заработил минатата година.
Тајлер Пери (42) е најпознат по серијалот комични филмови за Мадеа, старата афроамериканка и нејзиното семејство. Тој е автор на сценаријата за тие филмови, а ја игра и улогата на Мадеа. Продуцент е и на други телевизиски серијали.
Пери во претходната година заработил дури 130 милиони долари.
На листата по него се наоѓаат Џери Брукхајмер (113 милиони), Стивен Спилберг (107), Елтон Џон (100) и Сајмон Кауел (90 милиони).