Во вторите четвртфинални двојки кои беа на програмата вчера, како победници излегоа репрезентациите на Франција и Русија. Репрезентацијата на Франција со 64-56 ја победи репрезентацијата на јужниот сосед Грција, додека Русија го победи нашиот северен сосед Србија со 77-67.
Во тимот на Франција најефикасен беше НБА ѕвездата Тони Паркер со 18 поени, додека другата НБА ѕвезда, Жоаким Ноа имаше најмногу скокови, осум. Повторно и Нандо Де Чоло даде солиден придонес со 16 поени.
Во вториот полуфинален дуел, Русите до полуфинале ги однесе играчот на Јута Џез, Андреј Кириленко. За разлика од дуелот против нашата репрезентација, каде беше запрен од Војдан Стојановски, тој денеска имаше дабл- дабл учинок од 14 поени и 11 скокови, како и 6 асистенции и 4 украдени топки. Русија одигра одлично во одбраната, имаше 12 украдени топки и 6 блокади. Во репрезентацијата на Србија стандардно најефикасен беше Милош Теодосиќ.
Вчерашниот ден го отвори натпреварот за 5-тото место помеѓу репрезентацијата на домаќинот Литванија и репрезентацијата на Словенија. Победи Литванија со 80-77. Во салата, како и помеѓу самите репрезентативци на Литванија можеше да се осети незадоволство, тензија. Тие мислеа дека нема да играат вчера, тие мислеа дека ќе одат во полуфиналето против Шпанија. Но таму денеска играат нашите лавови, репрезентацијата на Македонија. Ајде момци одиме на победа!