Членови на нарко картел убиле дечко и девојка(блогери) и ги обесиле на мост

popara16 септември, 20111min00
dddd

Членови на мексиканси нарко картел во градот Нуево Ларед осакатиле и убиле младо момче и девојка(20), а потоа ги обесиле на мост како предупредување за сите оние кои на интернет ќе објавуваат информации за картелите во Мексико, известува CNN. На момчето и девојката, ушите и прстите им биле осакатени, девојката била соблечена полугола и така обесена на мостот, сведоци немало на настанот. Полицијата соопштила дека телата се уште не се идентификувани, но бандата оставила порака со предупредување.

“Ова се случува на сите оние кои објавуваат смешни работи на интернет.” Подобро да внимавате. Јас ќе ве пронајдам. ”

Во заканите се споменати два блога – Ал ројо виво и Блог дел нарко, а потпишана е со “З”, што би можело да укажува на картелот Зетас.

Блог дел нарко е веб-сајт кој објавува само информации за картелите во Мексико, а Ал ројо виво е веб-сајт каде граѓаните можат да испратат анонимни информации во врска со кривични дела.

Неофицијалните интернет извори на информации се од исклучително значење за локалната полиција, бидејќи традиционалните медиуми, а често и државните институции се беспомошни поради озлогласените нарко-банди.

Во последните пет години, повеќе од 34.000 лица се убиени поради нивната поврзаност со картелите во Мексико.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma