Кога највеќе сум се плашела? Е тоа беше кога сфатив дека луда обожавателка живее со мене и моите синови во куќата,раскажа Памела.
Тоа било во 1998 година, кога глумицата приметила дека од кујната постојано и недостига леб.
– Децата беа мали и не спиеа цврсто, па затоа и јас не спиев убаво, во прв момент мислев дека ми се привидувааат работи, објасни Памела.
Андерсон по неколку дена нашла во гостинската соба женска облека. Веднаш повикала полиција.
– Беше страшно, таа кога слушна дека доаѓа полиција си ги пресече вените. На себе носеше костиим за капење кој јас го носев за снимање во еден филм, објасни Памела.
Жената преживеала но е депортирана од САД.