Бред Пит: Само нејзе ја сакам – и во кревет и на филм!!!

popara16 септември, 20111min00
brad_pitt

Холивудскиот актер Бред Пит е сеуште заљубен во неговата жена Анџелина Џоли со ист интензитет како и на почетокот. Тој изјави дека сака со неа да остари, да биде во кревет и да снима филмови. Е тоа е вистинска љубов.

Пит смета дека тој и Џоли треба да снимаат повеќе филмови заедно, за да имаат повеќе заедничко време еден за друг, но и за нивните шест деца.

Во моментот популарната двојка живее по договор дека само еден од нив двајца може да работи во дадено време, додека другиот ќе мора да се грижи за децата. Така, додека Џоли снима, Пит се грижи за нив и обратно. Затоа Пит сака тие да можат да снимаат заеднички филмови, па семејството да може да биде на исто место цело време.

Бред смета дека тој и Анџелина се одличен тим и дека тоа се должи на заедничката креативна енергија која се создаде кога двојката се запозна на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma