Бритни денес во Лондон по напуштање едно студио е видена со голем дијамантски прстен. А прстенот е виден баш на раката и на прстот на кој се носи веренички прстен. Ова многу лесно може да значи дека принцезата е врена со Џејсин Травик, со кој е во врска повеќе од две години.
Наводно тој сам сакал да дизајнира прстен за својата драга, и неодамна е виден како повеќе од два часа разговара со сопственик на златара во Лос Анџелес. Можеби овој прстен е резултат на нивниот договор. Бритни е во Лондон за снимање на спот на песната Криминал, а потоа тргнува на европска турнеjа.