Симпатично момче од Гана оштетило банка во висина од 2 милијарди долари

popara16 септември, 20111min00
0

Лондонската полиција го уапсила Квек Адоболиј (31), во кој се сомневаат дека ја оштетил швајцарската банка УБС во висина од 2 милијарди американски долари.
Директорот на Банката објавил во четвртокот дека еден од вработените во банката поради нелегална трговија ја оштетил банката за 2 милијарди американски долари. Адоболиј бил уапсен во петокот во 3:30 по полноќ.
Младото момче кое по потекло е од Гана, било вработено во банката цели 5 години, а во филијалата работело на берзата на капитал. Сите оние кои го познаваат изјавиле дека е интелигентен и љубезен млад човек и биле зачудени од веста. WSJ пишува дека младото момче по дипломирањето веднаш се вработило во банката.
Банката не ги открила деталите за нелегалната работа на момчето, но очигледно се работи за трансакција на швајцарски франци, кои пред извесно време достигнале голема вредност, на што реагирала Швајцарската национална банка за одредување на вредноста на својата валута.
УБС банката започнала истрага во врска со случајот, но тврдат дека нивните клиенти не претрпеле никаква загуба, известува Sky News.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma