Иследници: Силвио Берлускони имал повеќе од 30 проститутки

popara16 септември, 20111min00
ITALY BERLUSCONI

Повеќе од 30 жени, меѓу кои имало и многу проститутки биле поканети на забавите кои ги приредувал италијанскиот премиер Силвио Берлускони во неговата вила во Рим, изјавиле во четвертокот италијанските иследници. Тие ги презентирале резултатите од двегодишната истрага за премиерот и неговиот наводно харем на млади модели, актерки и старлети во текот на 2008 и 2009 година. Тие изјавиле дека меѓу нив имало девојчиња од Јужна Америка и Источна Европа, и многу од нив спиеле со премиерот за пари или во замена за подароци.

Познатата италијанската актерка Мануела Аркури наводно одбила да спие со премиерот во замена за водење на фестивалот Сан Ремо. Идентитетите на некои жени се веќе објавени во медиумите, но ова е за прв пат иследниците да приложат целосна листа на имиња, која ја составиле откако прислушкувале 100.000 телефонски повици поврзани со премиерот. Осум лица биле осомничени за подведување, меѓу нив и бизнисменот Џанпаоло Тарантини и моделот Сабина Беган, германка која е позната како “Матица” во кругот обожавателки на Берлускони.

Берлускони признал дека организирал забави во вилите во Рим, Милано и Сардинија, но додал дека не знаел дека некои од девојките се проститутки, пренесува Телеграф.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag