Само момент по завршувањето на интервјуто во живо со сестрите Кардашијан, водителот на вестите за американската телевизија Фокс, Мајк Џерик ги забавуваше, но и ги згрози гледачите кога започна брутално да ги имитира светски познатите старлети. На мета, освен нивните пискави гласови, е и нивниот стил на облекување.
Неговата жена, која исто така е водителка, се обиде сето тоа да го сврти на шала, па дури и го удира сопругот по грбот за да го смири и наведе да прекине со неумесните коментари за нивните гости. Меѓутоа, Мајк не се предава и продолжува да плука по сестрите. За само два дена, видеото е гледано неверојатни 1,5 милиони пати.
Се прашуваме дали за овој неџентлментски потег, сестрите Кардашијан добиле повеќе поддршка од американската јавност за било што друго порано.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=zCs1Q565E4g