Актерот Хју Лори го престигна Дејвид Хаселхоф и сега тој се наоѓа на самиот врв како најгледан човек на телевизија.
Хју Лори (52) заработува по 400.000 долари на една епизода од серијата „Доктор Хаус“, а сега од Гинис и официјално го прогласија за најгледана фаца на телевизија. Згора на тоа, оваа серија е гледана од околу 81,8 милиони луѓе ширум 66 земји. На второ место се наоѓа серијата „Истрага на местото на злосторството: Мајами“ со дури 73,8 милиони гледачи.
Лори за улогата како Доктор Хаус има добиено 2 Златни глобуси, но признал дека преселбата во САД поради снимањата предизвикала низа проблеми во неговиот приватен и семеен живот.
Тој спомна дека следната, осма сезона од „Доктор Хаус“, за него ќе биде воедно и последна.