Австралискиот уметник Тим Печ, идејата да црта со својот пенис ја добил пред шест години и баш не верувал дека нешто ќе постигне со тоа. „Мислев дека никој нема да ме сфати сериозно и дека брзо ќе се откажам од идејата“ рекол уметникот. Но… се случило токму спротивното. Тој сега настапува на бројни фестивали и има бројни обожаватели кои некогаш знаат и да претераат. Досега има насликано околу 7500 слики, користејќи го својот пенис како четка за сликање. Во една година просечно слика околу 1500 слики. Често настапува на еротските фестивали на кои се случува да слика и по 20 слики на ден. Сликите кои ќе произлезат од овие фестивали ги наплаќа 50 евра.
Во текот на кариерата имал и неколку лоши искуства како на пример, на еден фестивал кога еден пијан обожавател почувствувал потреба да го зграби пенисот на Печ со намера да слика.