Прекинете секаков контакт
Сте се обиделе безброј пати да раскинете но таа тоа не го прифаќа. Ви се јавува, иде на кафе со вашата мајка и се однесува како да не сте раскинале. Време е тоа да го прекинете. Не одговарајте и на повиците и пораките и кажете на пријателите и роднините да го направат истото.
Не се согласувајте на уцена
Плаче, ве моли, ве проколкнува вас дури и ве уценува. Сето тоа го прави само за да не раскинете , па дури е спремна и да ја изговори реченицата како обично што гледаме во филмовите: “ќе се убијам ако ме оставиш”.Ако тоа се случи време е да побара стручна помош. Таа има сериозни емоционални проблеми со кои вие не сте во состојба да се справите со нив.
Сексот е лоша идеја
Можеби ќе се појави одеднаш и ќе се обиде да ве заведе. Ќе си помислите дека малку забава нема да боли, но токму таа грешка ќе биде фатална. Не заборавајте со кого имате работа и спротивставете се на сите искушенија пред кој таа ќе ве стави. Многу е веројатно дека престанала да пие апчиња за контрацепција и сака да го употреби стариот трик- да фати фраер за бебето.