Група aлбанци од јужниот дел на Косовска Митровица во петокот фрлале камења кон Србите кои поставувале барикади на мостот што го дели северниот и јужниот дел на градот, изјавиле очевидци за агенцијата Бета.
Србите, веднаш возвратиле при што дошло до мал конфликт, но сепак ситуацијата се смирила. На северната страна од мостот на реката Ибар се припадниците на косовската полиција и околу 300 Срби. Србите не дозволуваат силите на КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција заедно со царинските службеници Албанци да одат на административните гранични премини Јариње и Брњак на северниот дел на Косово.