Америка, земја на чудата
“Најпрво низ отворот тешко се пробива еден млаз вода. Од длабочината продира некакво чкрипање и гргорење допира до нашето уво, како џиновска сила да се обидува да го спречи неговото продирање на дневната светлина. Но, силата на пареата е многу поголема и успева да излезе на површина. Ненадејно се издигнува столб од пареа, а после тоа следува млаз од вода, висок 40 до 50 m. Водата е врела, а температурата е поголема од 100°С. Со брзината со која се издигна, со истата се спушта и надолу, а сето тоа трае 4 минути и повторно е тивко над земјината пукнатина.“
Вака Herman Datlon, крајот на овој век ја имаше опишано ерупцијата на гејзерот Old Faithful во подрачјето на Јелостоун. Повеќе од 10.000 врели извори во најстариот Национален парк во САД (1872 година), “Old Faithful“ претставува најстариот гејзер – пронаоѓачите го нарекле вака, бидејќи неговите ерупции се случуваат на секои 65 минути – за посетителите тоа претставува најинтересно место во паркот. Повеќе од 25.000 ерупции на врели извори биле регистрирани во последните 85 години. Old Faithful отсекогаш бил точен, а при секоја ерупција гејзерот исфрла околу 50.000 литри вода во воздух, а потоа се влеваат во Фајрхол реката.
Големиот Национален парк се простира на 9.000 m2, а се наоѓа на висина од 2.000 до 2.400 m. Тоа претставува една вдлабната рамнина со вулканско потекло во северноамериканските планини. На овие простори нема активни вулкани уште од терцијарот, но затоа овде постојат сеуште голем број на врели извори кои се појавуваат во најразлични облици. Некои изгледаат како водата да е наполнета со школки, а од некои дека тече пенлива вода преку снежно белите, жолти, костенливи или сјајножолти сталагмитски тераси од варовник. Малку подолу, има и извори на блато, “ужасни и грозни, како некој да ги има донесено од пеколот на Dante Alighieri “. Повремено се крева млаз сличен на каша од некоја јама со варовник, создавајќи меури кои се распрскуваат наоколу.“ (Dalton)
Но, во паркот Јелостоун може да се видат уште голем број на други работи. Во неговата средина се наоѓа и до 100 m длабоко и 363 km2 големото Јелостоун езеро, најголемото ридско езеро во Северна Америка. Реката Јелоустоун тече низ подрачје долго 39 km.
За користењето на природните убавини на Националниот парк постојат пропишани строги правила, а нив ги контролираат ренџери, како и во сите останати паркови во САД. Иако, најпрво за одржување на редот се грижела коњничка единица на Американската армија. Риболовот е дозволен во Јелостоун, но наспроти тоа, ренџерите внимаваат на големиот број на дивеч – меѓу нив има и мечки, ирваси, бизони – да не биде вознемирени.