Мик Џегер, фронтменот на легендарните „Ролингстоунси“, на 19 Септември планира да го објави својот нов албум, снимен со новиот бенд „Суперхеви“. Како звучи сето тоа можете да проверите во видео спотот за синглот „Miracle Worker“.
– Побрзо би умрел отколку на 45 години да ја пејам „Satisfaction“, еднаш невнимателно има изјавено младиот Мик Џегер.
Денес, многу време подоцна, прославувајќи го својот 68-ми роденден, тој е далеку од било какво пензионирање.
Секогаш спремен за нова акција, Џегер се најде надвор од својата матична група и се премина во шаренолико и сосем необично друштво кое на 19 Септември го спрема заедничкиот албум.
Заразниот и реге обоен сингл „Miracle Worker“ веќе предизвика бројни реакции и коментари во врска со тоа дали сето ова му е потребно на Мик Џегер…
Спотот за песната е тука: