Шанел Тапер, студент од Калифорнија, САД, може да се пофали со најдолгиот јазик на светот, кој е долг цели 9,75 сантиметри.
Нејзиниот змиски јазик е двојно подолг од нормален јазик, а таа тоа прв пат го забележала на 8-годишна возраст. Веќе во средно школо, таа била главна тема на разговор меѓу средношколците. Многу луѓе се плашат од неа кога ќе го видат невообичаено долгиот јазик, а на некои момчиња тоа дури и им пречи. Сепак, околу Шанел има многу луѓе кои оваа вродена неприродност воопшто не ја ни забележуваат.
Таа треба да се појави во Гинисовата книга на рекорди која е планирана да излезе во 2012 година.