Мистериозен пар девет дена седел во автомобил и “чекал”?

popara17 септември, 20111min00
0

Мистериозниот пар, Андреас Р. (53), советник и поранешен офицер на армијата на поранешна ГДР, и неговата сопруга, Ирмгард (53), цели девет дена живееле во својот автмобилил во близина на Франкфурт. Во петокот навечер избегале и се сместиле во мотел. Тие заминале бидејќи им сметале љубопитните новинари, но и децата кои се собирале и им додевале во близина на нивното возило.


Билд открива дека парот седел девет дена во автомобилот и чекал “божја помош”. Наводно парот тргнал на пат но во меѓувреме имале сообраќајна несреќа. Автомобилот им застанал во Хусенстам. Некако успеале да го дотуркаат до околното населено место и решиле да чекаат. Од автомобилот излегувале само за јадење и вршење нужда. Останатото време седеле во автомобилот и се држеле за раце. Соседите биле малку загрижени, но полицијата не можела да им помогне бидејќи парот не предизвикувал никакви проблеми.
– По смртта на нивниот син се занимавале со езотерија. Чекале “божја помош” или механичар – изјавил еден од полицајците за Билд.

Парот пред да тргне на пат живеел во Дрезден. Нивните соседи изјавиле дека тие секогаш биле љубезени према нив.

– Нивниот син во 2005 година се фрлил под воз. Додека нивната ќерка живее во Лондон и имала дете. Соседите изјавиле дека секогаш кога ќе тргнеле на пат им се јавувале, што не било случај сега, тие дури не одговарале и на телефонските повици, изјавил еден од соседите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma