Грк се запалил пред банка бидејќи не му давале кредит

popara17 септември, 20111min00
00001

Грк (55) во петокот се полил со бензин и се запалил пред банката Pirateus во Солун во северниот дел на Грција. Полицијата не го открила неговото име, но објавила дека човекот преку мегафон извикал дека е во долгови и потоа се запалил. Тој на полицијата е познат од порано каде имал слични инциденти, наводно досега три пати се палел во знак на протест.

Пред 15 месеци истиот човек се запалил, откако се пожалил дека не може да ги плати долговите бидејќи му пропаднала фирмата. Банката во петокот не му одобрила кредит, пишува Daily Mail. Поради рецесија во Грција, многу претприемачи пропаднале. Грција е веќе трета година на голема економска криза.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma