Како да го фатите недопирливиот фраер?

popara17 септември, 20111min00
ljubov i seks 3

1.Искрено запрашајте се дали сте биле искрени со него. Дали сте му дале до знаење што очекува од љубовната врска? Ако не сте ги кажале отворено вашите желби во поглед на вашиот однос, тогаш е крајно време да го направите тоа! Можеби на вас нема да ви биде пријатно, но тоа е неопходно- што подолго одолговлекувате, повеќе ќе ве боли.

2.Размислете добро за него. Запрашајте се дали тој е навистина вреден за толку труд. Затоа што ако сакате врска со него, морате поштено да се потрудите.Дали навистина сакате да бидете со него или можеби само ви се допаѓа идејата да бидете во врска со таков тип? Кога ќе го дознаете одговорот, работите ќе станат јасни.

3.Морате да знаете дека некои луѓе имаат проблем со врските и верувањето. Највеќе поради трауми од детството, а тие мажи многу тешко емотивно се отвараат. Го приметувате ли вие тоа кај него? Ако одговорот е позитивен време е да продолжите со живот без него бидејќи тој никогаш нема да се промени за вас.

4.Постои можност вашиот партнер да не е емотивно достапен, но тоа сеедно не е добра вест за вас. Ако тој не сака озбилна врска и ако гледа во други жени, значи дека мисли дека вие не сте вистинската. Тажно, но вистинито.

5.Ако веќе сте пробале да разговарате со него и сте ги кажале сите ваши аргументиа тој и понатаму не сака да се врзе, оставете го и продолжете со својот живот. Ќе најдете некој кој ќе ве сака и почитува баш како што заслужувате. Што подолго останете во лоша врска вашата самодоверба ќе биде во лоша состојба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma