Хали Бери, поранешната Бонд девојка веќе нема ни грам гламур. Таа по одморот на Мајорка, каде беше заедно со својата ќерка, се врати на работа.
Во моментов таа го снима својот нов филм Cloud Atlas во ладната Шкотска. Од премногу ниските температури, Хали на сетовите се појавувала со една долга јакна, со неуредна фризура и шминка. Се прашуваме каде е гламурот и елегантноста на Хали.
Новиот филм на Хали ќе го видиме наскоро, а во него улога имаат и Том Хенкс, Сузан Сарандон, и Хуго Веивинг.