Американскиот актер Џони Деп работи на својот нов проект, филм насловен „Dark Shadows“ или „Темни Сенки“ во кој Деп го глуми вампирот Барнабас Колинс.
Објавени се и првите фотографии од снимањата на кои Џони Деп е маскиран во вампир за потребите на улогата.
Сторијата во филмот е базирана врз една приказна од 60-тите години од претходниот век во врска со вампири, зомби, врколаци и духови.
Во актерската екипа, покрај Џони Деп играат и: Клое Морец, Хелена Бонам Картер, Мишел Фајфер, Ева Грин, Кристифер Ли, Хана Мареј и Џони Ле Милер. Режисер е Тим Бартон, а со Џони Деп соработуваат по осми пат заедно. Филмот се снима на повеќе локации низ Велика Британија.
Филмот се очекува да се појави во светските кина на 11 Мај 2012 година.