Кира Најтли пијана и гола?!?

popara18 септември, 20111min00
kira najtli

Познатата холивудска актерка Кира Најтли штотуку заврши со снимање на психолошкиот трилер „Опасен метод“ (A Dangerous Method), во кој ќе имаме можност да ја видиме во некои бизарни секс сцени.

Во филмот, кој е во режија на Дејвид Кроненберг, станува збор за Сигмунд Фројд и Карл Јунг, како и нивната пациентка која им служи како „заморче“ и врз која познатите прихоаналитичари ги истражуваат своите нови теории.

Во филмот има сцени кои прикажуваат бизарен секс, сцени кои Кира, по неколку чаши вотка, ги снимила без проблем. Во една од тие сцени Кира лежи гола врзана за кревет, а нејзиниот колега Мајкл Фасбендер, кој го игра д-р Јунг, ја плеска по задникот.

„Испив неколку чаши вотка за да се опуштам, а кога завршивме со снимање пиевме шампањ за да прославиме. Мајкл мораше да внимава со кој интензитет ме удира бидејќи мојот телохранител цело време беше пред вратата на студиото“, на шега вели Најтли.

Инаку, Кира е во улога на болна жена која за време на експериментите на Јунг се заљубува во него и започнува љубовна приказна полна со настран секс.

Во филмот, чија премиера е предвидена за крајот на ноември, покрај Најтли и Фасбендер,  се појавуваат и Винсент Касел и Виго Мортенсен.

Погледнете го официјалниот трејлер:

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma