Мараја опседната со својот изглед

popara18 септември, 20111min00
mariah-carey1

Ник Канон изјави дека неговата сопруга Мараја Кери напорно вежба за да ја врати линијата која ја имала пред породувањето, но и за да изгледа совршено на своите настапи.

–        Таа е фокусирана од секој аспект. Ќе се врати на сцена и ќе го размрда светот. Се враќа во форма, изјави водителот на шоуто Америка има талент.

Тој и Мараја ги имаат четиримесечните близначиња, а Канон кажува како неговата сорруга почнала да вежба веднаш по порудувањето.

–        По два месеци таа почна да оди наоколу во костим за капење. Секој ден се убива од вежбање. Особено мислам дека ќе изгледа подобро од некогаш, како да е повтроно 1990 година. Мислам дека на тоа цели, и знам дека може да го постигне тоа, кажа Ник.

Кажува дека понекогаш заедно вежбаат, но тој неможе да го следи нејзиниот чекор.

–        Таа е премногу сериозна. Вежба и во вода. Јас не сакам вода и не пливам така добро. Многу внимава на својата исхрана и правилно ајде. Поминува многу часови на лентата за трчање, сè прави како што треба, тврди Канон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma