Британската пеjачка Шерил Кол креираше линија на чевли, која ќе биде претставена во декември. Пеjачката, за чевлите најави дека нема да бидат скапи. За оваа колекција на чевли таа соработувала со интернет продавницата Стајлист Пик. Шерил на сајтот на таа компанија нуди модни совети и открива кои се нејзини омилени модни колекции.
Џесика Симпсон, Ферги, Викторија Бекам и Гвен Стефани се меѓу ѕвездите кои во последните години претставија свои модни колекции. И Лајди Гага најави дека планира своја модна линија.