Викиликс прави аукција на личните предмети на Асанж

popara18 септември, 20111min00
wikileaks-julian-assange

Веб сајтот “Викиликс” ставил на аукција голем број на предмети  кои се во сопственост на основачот Џулијан Асанж, со цел да соберат средства поради финансиските тешкотии во кои денес се наоѓа порталот, пренел BBC.
Меѓу предметите кои се продаваат преку интернет сајтот (eBay), се наоѓа лаптопот на Асаж и пластична чаша за кафе која ја користел додека бил во притвор.
Почетна цена на предмети се движи од 315 долари за чашата за кафе и 6000 долари за лаптопот.
“Викиликс” во моментот се наоѓа под голем финансиски притисок, бидејќи му се блокирани сите извори на финансирање, а сето тоа било направено поради објавување на порталот доверливи документи на американската влада и на други влади во светот.
Потоа тука се несогласувањата на Асанж со другите основачи на сајтот, но и борбата против екстрадиција во Шведска, која го бара за сексуален напад на две жени. Асанж ова обвинување го отфрлил како невистинито.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma