Плејстејшн Вита на Јапонскиот пазар

popara18 септември, 20111min00
110914026.1_mn

Гиганската компанија Сони на 17-ти декември ќе ја пласира својата нова генерација на рачни конзоли ( Плејстешн Вита) на јапонскиот пазар.

Сопствениците на Сони претходно најавиле дека долгоочекуваната конзола ќе биде во Јапонските продавници до крајот на годинава, и дека нема тоа да се случи пред Божиќ  т.е предбожиќните „шопинзи“.

Цената на конзолата Плејстешн Вита ќе се продава за 325 долари ( Ви-Фи верзија) односно 390 долари (3-Ге верзија). Ви-Фи верзијата на американскиот пазар ќе чини 249 долари, а верзијата 3-Ге  299 долари.

Сони Плејстејшн и Нинтендо се под се поголем притисок  од смартфоните и таблет компјутерите како и Ајподовите, бидејќи со нив е можно да се преземат ефтини и бесплатни игри од интернет и тоа доста брзо.

Поради тоа Нинтендо за околу 40 проценти ја „пресече“ цената на својата 3-Де конзола, која нуди тродимензионална графика без употреба на специјални очила. Покрај тоа Конзолата Плејстешн Вита има мулти-тач ОЛЕД екран со големина од 12,7 центиметри, како и камера од предната и задната страна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag