Полицијата во Берлин трага по информации кои би помогнале во пронаоѓањето на тинејџерот кој се појавил во Берлин и тврдел дека цели пет години живеел во германските шуми.
Ова 17 годишно момче зборува англиски и малку германски. Тој и кажал на полицијата дека отишол да живее во шума со својот татко, веднаш по смртта на неговата мајка пред пет години.
Тинејџерот решил да го напушти „шумскиот живот“ откако во август умрел неговиот татко. Според неговите искази, тој морал да пешачи две недели низ шума за да стигне до Берлин.
„Побаравме помош од сите земји на Интерпол, бидејќи навистина немаме идеја од каде може да доаѓа момчето“, изјавил Михаел Маса, портпарол на берлинската полиција.
Момчето се појавило на 5ти септември во Центарот за помош на млади лица и дал исказ во полиција за неговиот живот во шумската колиба.
Тинејџерот тврди дека се раководел по компасот во правец кон север и така стигнал до Берлин. Полицијата соопштила дека врз него бил извршен медицински преглед и дека тинејџерот бил сосема здрав.
Полицијата се надева дека набрзо ќе го пронајде момчето и дека, откако ќе ја потврди неговата приказна, ќе го смести во соодветна установа која ќе му помогне да се снајде „во цивилизација