Судот во Италија им го одзел старателството на родителите со образложение дека се престари за да чуваат дете. Контроверзната одлука судот ја поткрепил со образложение дека детето ќе остане сирак додека е мало, како и дека е плод на настрана употреба на генетска технологија.
Одлуката, која сигурно ќе предизвика полемики и негодувања во јавноста, ја донесе судот за малолетници во Торино. Судот одлучил девојчето, кое има само една година, да биде одземено од родителите и дадено на посвојување.
Бебето е родено на 26 мај 2010 година во Торино, откако било зачнато по вештачки пат во семејство на 70 годишен татко и 57 годишна мајка.
Никогаш себеси не си го поставиле прашањето што ќе биде со нивната ќерка, која многу млада ќе остане сираче, а пред тоа ќе мора да се грижи за своите стари родители“, изјавил судијата.
Адвокатите на родителите Габриела и Луиџи Де Амброзис најавија жалба на пресудата.
Брачниот пар Де Амброзис се венчале во 1990 година, кога Габриела имала 36 години. Таа не успеала да затрудни ни то 10 обиди за вештачко оплодување. Тие два пати поднеле барање за посвојување на дете и биле одбиени, па затоа се одлучиле на оплодување со помош на донатор од странство.
Кога детето имало само еден месец, било сместено во друго семејство, бидејќи соседите го пријавиле таткото дека го иставил само во автомобил 45 минути. Заради ова обвинување, парот веќе се соочи со судски процес под обвинение за „занемарување на детето“.
Познатата италијанска пејачка Џана Нанини минатата година на 54 годишна возраст роди девојче, со што ја поттикна расправата за „мајки-баби“.
Најстарата мајка на светот е Кармела Бусада од Шпанија, која во 2006 година на 67 годишна возраст роди близнаци кои исто така беа зачнати со вештачко оплодување.