Се сеќавате на светечките зајаци? Епа еве и такви мачки 🙂
Научниците во потрага по лек за сидата, „креираа“ мачиња кои светат зелено под ултравиолетова светлина, но кои истовремено се и отпорни на болести. ДНК-та на овие мачиња е модифицирана со ген кој се бори против вирус сличен на ХИВ вирусот како и ген од медуза кој е одговорен за светечкиот ефект.
Целта на ова истражување е да се докаже дека природниот протеин кој не дозволува заболување со сида кај некои видови на мајмуни, функционира и кај мачките.
Зошто мора да светат, ако се работи за ген кој се бори против сида?
– Светечкиот ген се поврзува со генот кој се бори против ХИВ вирусот и на тој начин може да се следи дали истиот се распоредил правилно низ целото тело. Ако мачињата не светат под ултравиолетова светлина, тоа значи дека генот кој се бори против сидата не функционира.