Изгледа дека проблематичната актерка Линдзи Лохан на сите им е „дојдена преку глава“, бидејќи никој од нејзините колеги од светот на шоубизнисот nе сака да се дружи со неа. Кога ќе ја видат, сите бегаат од неа, бидејќи не сакаат да бидат во нејзина близина.
На забавата по повод последната вечер од модната недела во Њујорк, Лохан се појавила во друштво на својата мајка Дина и помладата сестра Али.
Иако познатата актерка се надевала на добра журка, плановите и се расипале бидејќи никој од нејзините колеги не сакал да биде во нејзина близина.
Мери Кејт Олсен, актерка која исто како Лохан се прослави уште кога беше дете, се изнервирала бидејќи требала да седи до Лохан.
„Мери Кејт навистина беше вознемирена, бараше друго место за седење, но бидејќи сите места беа резервирани, мораше да остане до Линдзи“, изјавил очевидец на непријатната ситуација.
Пред некое време, на промоција на парфем од еден познат бренд, младата актерка Дакота Фенинг исто така одбила да биде во друштво на Лохан. Кога проблематичната актерка и се приближила на Фенинг, таа само ги превртела очите и си заминала. Епа Линдзи, за тебе важи старата народна поговорка „што си сеел, тоа ќе си жнееш“.
One comment
Goce nash
19 септември, 2011 at 13:57
Ova devojcevo ubo, ama bez pamet