Капри е остров во Италија кој со години го посетуваат богатите и ексцентричните туристи. До овој остров исклучиво се доаѓа со брод. Кога ќе бидете близу Капри, ќе имате прекрасен поглед на мистериозните пештери како и прекрасниот стар град кој плени со својата архитектура. Уживањето го достигнува врвот при посета на пештерата „Blie Grotto“ каде светлината од морската вода ја осветлува целата пештера.