9. Десна рака на Владимир Илич Ленин беше бољшевистот Леон Троцки. Откако Сталин дојде на власт, Троцки стана политички непријател на системот и мета на „чистката“ на Сталин. Името на Троцки било отстрането од сте официјални документи, а самиот Троцки бил протеран од Советскиот Сојуз. На оваа фотографија може да го видите Троцки као стои до Леник на плоштадот Свердлов во Москва на 5 мај, 1920 година.
10. Откако Сталин го прогласил Троцки за непријател на Советскиот Сојуз, Троцки бил избришан и од сите фотографии со историско значење, вклучувајќи ја и претходната слика. На горните две фотографии може да забележите дека Троцки стои веднаш до Ленин. На долните две фотографии, Троцки е целосно избришан од страна на Сталинистите.
11. Ова е оригиналната фотографија од Ленин и Троцки за време на прославата на двегодишнината од Руската револуција во 1919 година во Москва.
12. Во 1967, советските власти сакале да ја искористат оваа слика од 1919 година за книга посветена на Ленин. Троцки, кој веќе одамна бил елиминиран од Сталин, сеуште важел за persona non grata во СССР, па морало да биде избришан од сликата за да може да биде објавена.
13. Мубарак – прв меѓу лидерите! Така гласеше натписот под сликата која се појави на насловната страница на најтиражниот весник во Египет во септември 2010 година. Весниот Ал Арам ја објави оваа фотографија од мировните преговори за Блискиот Исток, кои се оддржуваа во Белата Куќа во Вашингтон. На фотографијата може да забележиме дека египетскиот претседател Хосни Мубарак ги предводи останатите претседатели, па дури и американскиот претседател Барак Обама.
14. Не треба многу интелигенција за да се увиди дека сликата од Мубарак е монтажа, и тоа со лош квалитет. Весникот подоцна призна дека станува збор за фотомонтажа, но се бранеше дека намерата била симболично да се прикаже клучната улога на Мубарак во мировните преговори. Ова е вистинската верзија на сликата:
15. Во раната доба на фотомонтажите, 1992 година, списанието National Geographic објави фотографија на својата насловна страница од пирамидите од Гиза во Египет. Првата личност која јавно ги искажа своите сомневања околу насловната страница беше самиот фотограф Гордон Гахан, кој увидел дека уредниците ги „стесниле“ пирамидите и камилите за хоризонталната фотографија да може да се употреби за вертикалната насловна страница. Оттогаш, списанието не дозволува објавување на фотографии преработени во фотошоп.
16. Во август 2006 година, многу експерти кренаа фама околу монтираните фотографии кои се појавија по нападот на израелски ракети врз либанската престолнина Бејрут. На монтираните фотографии јасно се гледа дека чадот е преработен со фотошоп алатки за да изгледа подраматично. Фотографот Аднан Хаџ ја призна монтажата, но се правдаше дека само се обидел да ги отстрани заматените делови од сликата, кои се последица на прашина на леќата на фотоапаратот.
17. Ова е оригиналната слика по нападот, на која се гледа многу помалку чад кој е со поветла боја. Многу блогери по објавувањето на оваа фотографија, се навратија на претходната работа на Аднан и открија дека тој монтирал многу фотографии, со цел да го прикаже Израел во многу полошо светло. Аднан, како и уредниот кој ги одобрувал неговите фотографии, набрзо потоа биле отпуштени.
18. Пред да го замени Лари Кинг, Пирс Морган работеше како уредник на британскиот весник Daily Mirror, каде беше познат по тоа дека нема професионална етика во неговиот лов на сензационални приказни. Тој беше отпуштен од работа во 2004 година откако овјаци насловна страница на која беше прикажана фотографија на која се гледа како британски војник уринира врз Ирачки затвореник. Фотографијата предизвика огромен скандал и многумина стравуваа дека ќе служи како алатка со која Ал Каеда ќе регрутира нови милитанти во своите редови. Сепак, на крај се докажа дека фотографијата е лажна. Британската војска успеа да го лоцира возилото во кое била снимена фотографијата и докажала дека всушност возилото никогаш не ја напуштило Велика Британија. Подоцна се покавиле уште докази дека станува збор за монтажа. Весникот објави јавно извинување и го отпушти Морган, кој подоцна стана судија во шоуто „Америка има талент“. До ден денес Морган тврди дека фотографијата не е монтирана.