Врстата делфини која ја открија научниците од Австралија во околината на Мелбурн ни малку не наликува на другите делфини. Имено се верувало дека 150 делфини кои живеат во заливот Порт Филип и Гипсландските езера припаѓаат на една до двете признати врсти на делфини. Меѓутоа Кејт Карлтон-Роб од универзитетот Монаш, открила дека според обликот на скелетот, ДНК и анализа на физички карактеристики, дека овие делфини се разликуваат од оние кои се утврдени од почетокот на 20 век.
Кејт новата врста делфини ја нарече Tursiops ausralis. „ова е неверојатно фасцинантно откритие затоа што од 1800 година наваму само 3 врсти делфини се формално признати“ изјавува Кејт.