Вселенски космодром
Кејп Кенеди на полуостровот Флорида – претставува главното стартно место во САД од каде што полетуваат вселенски летала со или без екипаж во нив. Тоа е централната точка и симбол на еден техничко-научен развој, кое што има огромно значење за чoвештвото. Кејп Кенеди е клучната точка за трка до Месечината која што ја имаат започнато САД и Русија.
Добата на вселенските летови започнало – после првите обиди со вистински ракети со кои се истражувала атмосферата – со првиот сателит пратен од земјата, “Sputnik 1“, во октомври 1957 година. Од тогаш се испратени голем број на истражувачки сателити, без екипаж.
Насобраното искуство со леталата без екипаж, дале значајни информации за летовите кои следеле. Нивната наредна цел, била летот на Месечината (програмата “Apollo”) – а нивната поголема цел е “развивање и зацврстување на летовите во вселената, кои би се користеле во иднината“, беше изјавата на James Edwin Webb, директор во НАСА. Сите дотогашни летови во вселената со екипаж – прв бил советскиот космонаут Yuri Alekseyevich Gagarin, кој ја прелетал Земјата околу нејзината орбита на 12 април 1961 година, а само тре недели подоцна Американецот Alan Bartlett Shepard беше втората личност што се вивнал во вселената – претставуваат подготовки за летот на Месечината.
САД ја започнале реализацијата на оваа цел со програмата “Mercury”. Од 1961 година, па се до 1963 година испратиле 6 летечки тела со тежина од 1,2 тони, околу орбитата на Земјата, со по еден пилот во секој од нив. Потоа се продолжило со програмата “Gemini“ од 1965 година, кога биле испратени двајцата астронаути Genson и Yang. Капсулата за двајца која што ја користеле за овој лет, била тешка 3,2 тона. До крајот на оваа програма, кој бил во ноември 1966 година, биле реализирани 10 вселенски летови, а најдолгиот од нив бил 330 часа. За планираното слетување на Месечината, најпрво била испробана техниката за спојување и поврзување на вселенските тела во земјината орбита. Тоа било од огормна важност.
И покрај, големите технички, финансиски и организаторски напори за третото американско вселенско летало, програмата “Apollo”, заостанува со својот развој во однос на првите години од започнувањето на проектот. Со цел да се реализира проектот – испраќање на тројца астронаути на Месечината, Американската влада ангажирала околу 20.000 компании и 40.000 луѓе. Индустријата за вселенски летови денес е една од најголемите индустриски гранки во САД.
Од една до друга програма, вселенските летала, станувале се поголеми и потешки и се помоќни; 30m долгата ракета “Atlas”, од програмата “Mercury” тежела 1,2 тони; “Titan 2” ракетата долга 27,5m од програмата “Gemini“, а биле опремени со капсули тешки до 3,6 тони. За подготовка на програмата “Apollo”, биле конструирани две ракети од типот “Saturn”, долги 36,8m односно 43m, со носивост од 10 односно 18 тона. Засега, најголема е 111m високата ракета “Saturn 5”, со носивост од 126 тони, со стартен притисок од 150 милиони kWh.
Кејп Кенеди е опремен за вакви монструми (но и за поголеми). На поранешниот остров на портокалите, Мери Алјанд, монтажната хала за ракети со површина од 170х235m и висина oд 175m станала една од најголемите градби во светот, a e доволно голема за да се пренесе дури и целата Катедрала од Келн. Најсовршената прецизност претставува најзначителен и најважен закон при конструирање на ракетите.
Капсулата “Apollo”, се состоела од три дела, а на ова патување учествувале тројца астронаути. Двајца пилоти ќе поминат во делот за симнување на Месечината, а откако се спуштиле, останале на Месечината неколку часа, а потоа повторно се вратиле назад во вселенскиот брод.