Се одржа 63-то издание на гламурозното доделување на Emmy Awards. Беше полно со лица од шоубизнисот, комедија, златни статуетки.
Како и секоја година очите на целата јавност и на модните критичари беа вперени во стајлингот на големите ѕвезди. Тие блескаа со целиот свој шарм. На црвениот тепих како да се одржуваше ревија на која се носат најдобрите модели од светските дизајнери.