Мајката на Ејми Вајнхаус откри како пред кремирањето на својата ќерка и ги исполнила нејзините желби. Кажува дека славната пејачка која на 27 години почина, пред чинот изгледала како вистинска супеѕвезда. Во животот беше позната по јако нашминканите очи, а таква отиде и на другиот свет, кажа нејзината мајка.
– Беше тоа чин на љубов. Отиде изгледајќи како вистинска суперѕвезда која ја засака цел свет, кажа мајката на Ејми.
Кога ја слушнала веста за смртта на својата ќерка, веднаш отишла да го види нејзиносто тело во мртовечницата.
– Кога го видов нејзиното безживотно тело ми стана јасно дека неа насвистина ја нема повеќе. Изгледаше така мирно.. А додека ја гледав, пред очите ми помина Ејми кога имаше 9 години, кога викав од почетокот на скалите за да ја разбудам. Кога немаше да чујам дека станува трчав горе за да ја разбудам. Тоа веќе беше невозможно, па кога ја гледав во мртовечницата сфатив дека веќе никогаш нема да се разбуди, колку и да викам. Тоа беше миг на прифаќање дека таа замина, кажа Џенис.