Сопственик на ресторан во Саудиска Арабија решил да ги казни своите клиенти доколку нарачаат повеќе храна од што може да изедат. Па и не е лоша идејата…
Фахад Ал Анези, сопственик на ресторанот „Мармар“, кој се наоѓа во Дамам одлучил да ги „дисциплинира“ оние гости кои нема да ја изедат целата храна која ќе ја нарачаат. Негова цел е да се спречи прекумерното фрлање на храна, особено во свет каде огромен дел од популацијата буквално гладува.
„Огромен број мои клиенти порачуваат повеќе храна од потребното. Со тоа тие сакаат да ги импресионираат луѓето околу себе, се заради општествен престиж“, вели Ал Анези.
Доколку гостите не ја изедат сета храна која ќе ја порачаат, келнерите им наплатуваат поскапо во однос на количината на храната која ја оставиле. Што повеќе храна им остане, тоа е поголема сметката!
Значи, или ќе изедете се, или може да си останете ем гладни, ем без пари!!!