Иако се венчаа пред само еден месец, Ким Кардашијан веќе мора да прави баланс помеѓу нејзините сестри и нејзиниот сопруг Крис Хемфри.
Според извори блиски на познатата старлета, нејзините сестри Кортни и Клое не можат да го поднесат новиот зет. Наводно, причината за ваквата омраза кон Крис е фактот дека тој давал изјави за медиумите за приватниот живот на Кортни Кардашијан.
Всушност, Крис наводно изјавил дека Кортни е жртва на својот сопруг и својот син. За да му врати со иста мера, Кортни изјавила дека Крис се оженил со нејзината сестра само за да стане популарен.
Сега за сега, Ким останува „нема“ околу овој семеен проблем, но сигурни сме дека не и е лесно.