Наташа Беквалац пред некое време одлучи да ги спакува куферите и да одлета за Пекинг. Официјално, за да и помогне на својата другарка околу планирањето на нејзината свадба. Неофицијално, за да може да помине некое време со нејзиниот нов дечно Ќазим Османи далеку од очите на српските папараци.
Според таблоидите, Наташа во Истамбул ја чекаше Ќазим, но со кого се сретна српската пејачка на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград? Верувале или не, Ната налета на тенисерот Новак Џоковиќ, со кого таблоидите романтично ја поврзуваа во изминатиот период.
Изгледа дека Ната неможе да направи ниту еден чекор, а со неа да не си поигра судбината. Иако за нејзината врска со најдобриот тенисер на светот многу се пишуваше, сепак Ната и Ноле никогаш не ги потврдија шпекулациите за наводната љубов.
На аеродромот со Ноле била и неговата девојка Јелена, за која средбата сигурно била непријатно искуство.
„Беше непријатна ситуација. Но бидејќи беа ставени пред свршен чин, Наташа и Новак се поздравија, но со „кисели насмевки“. Јелена за тоа време читаше весник и се преправаше дека не ја забелешува Наташа. Откако си го зема багажот, Ноле оддалеку ја поздрави Наташа и си замина“, изјавил очевидец.
Ех Нато, Нато, каде и да одиш љубовта те наоѓа на секој чекор.