Иако Грејс Августин умира во првиот дел на филмот „Аватар“, актерката во оваа улога Сигурни Вивер ќе се појави и во второто продолжение на овој филмски блокбастер.
Иако докторката Грејс Августин умира во првиот дел на оваа научно-фантастична филмска сензација од 2010 година, актерката откри дека режисерот Џејмс Камерон планира некако да го врати нејзиниот лик во второто продолжение.
„Не грижете се. Ќе се вратам. Џејмс вели дека никој не умира во научна фантастика“,со насмевка вели Вивер.
Се очекува снимањето на второто продолжение на „Аватар“, посветен на приказната за вонземјанската раса Нави, да започне во текот на наредната година.