Секс за една ноќ кај машките му доаѓа како природна појава, но во последно време и жените го следат овој тренд. Некои од нив се чувствуваат пријатно во ваква комбинација, а некои жалат и имаат грижа на совест. Ова се неколку совети како да уживате во љубовните излети, паметно и без негативни мисли.
За врска за една ноќ, најдобро е да бидете сингл. Доколку се решите на тој чекор додека сте во врска, тоа кога-тогаш ќе ги уништи работите меѓу вас (дури и ако тој никогаш не дознае). Животинскиот нагон и привлечноста можат да се контролираат; пробајте да го одберете она што повеќе значи: задоволувањето на моменталната потреба или верноста во врската.
Дали навистина го сакате тоа?
Ако вашиот избраник очигледно сака само една работа од вас, а вие не сте сигурни дали ќе можете да се ограничите само на еден контакт – подобро да се повлечете од таа приказна. Многу девојки пробуваат преку ноќ, во кревет, да го намамат дечкото на врска. Тоа обично не се постигнува на тој начин, па можете да бидете повредени или да се почувствувате искористено. Најдобро е отворено да си кажете што очекувате еден од друг.
Заштита, заштита
Кондомите се императив, а помошта со контрацептивни пилули е добредојдена.
Нека знаат каде сте, барем другарките
Кога запознавате некого, може да ви се чини како најфината личност на светот, но никогаш не можете да бидете сигурни со кого реално сте заглавиле. Пријателките мора да знаат каде сте!