Како и секогаш !!! Судот ќе одлучи …

popara21 септември, 20111min00
Kako i sekogas sudot ke odluci

По неуспешните обиди да го убеди својот 41 годишен син да го напушти домот, еден италијански брачен пар од Венеција во очај ангажирала адвокат за да го добијат својот мир и тишина. Родителите чиј идентитет не се открива, раскажуваат дека се уморни од секојдневното правење на обилни оброци, перењето на алишта на својот „стар“ син.

„Не можеме повеќе. Мојата сопруга е под постојан стрес, а веќе подолго време е тешко болна. Тој има добра работа, има средства за посебен живот, но тој не се откажува од барањата да му се прават оброци, да му се перат алиштата“ изјавува „несреќниот“ татко.

„Тој нема никаква намера да го напушти домот на неговите родители, а истовремено се однесува многу агресивно. Испратив писмо до него во кое го замолувам во рок од 6 дена да се исели од домот на неговите родители доколку не го стори тоа ќе биде тужен“изјавува адвокатот на семејството.

Статистиките покажуваат дека со ваков ист проблем се соочуваат илјадници Италијански семејства, кои едвај чекаат нивните деца да се иселат од нивните домови и да ја сменат бравата од влезните врати.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma