Google ќе го исфрли обичниот паричник од употреба!

popara21 септември, 20111min00
Google-wallet-image

Google официјално го најави Google Wallet системот на плаќање преку мобилен, со што на корисниците им се овозможува да ги вчитаат своите кредитни картички во апликација, а потоа со телефонот опремен со НФЦ системот, преку посебен читач ќе може да се изврши трансакција при купувањето.

Сега засега овој производ е достапен само за американските корисници на мобилниот оператор Спринт, поточно на оние кои го користат Googleовиот Нексус ЕС 4ГЕ мобилен и Сити МастерКард или Виза картичка.

За NFC технологијата ( near-field communication) може да се каже дека е слична со Bluetooth технологијата, па затоа системот на бесконтактно плаќање се очекуваше уште од ова лето.

Паричникот на Google како и Google Offers е изграден на отворена платформа која комбинира повеќе кредитни картички, програми за лојалноста на купувачите како и понуди на продажните места. Начинот на наплата е премин на телефонот преку линијата која го означува излезот на производот од продавницата, па така на овој начин Google го оствари најавеното – го претвори мобилниот телефон во паричник.

Коорпорацијата Pay Pal најави тужба против Google за наводно преземање на деловните тајни. Имено двајцата високо рангирани менаџери во Google ги украле идеите од својата претходна работа во Pay Pal.

Се уште не е време да се ослободиме од паричниците бидејќи како прво и основно на пазарот нема доволно телефони со вграден NFC систем па така далеку сме од тоа да Google Wallet стане меинстрим (тренд).

Паричникот на Google истотака ќе помогне во битката на Андроид со и СО и BlackBerry, бидејќи со текот на времето луѓето се повеќе ќе го прифаќаат мобилниот како средство за плаќање, на сличен начин како што вршиме разни трансакции преку СМС пораките.

 

http://www.youtube.com/watch?v=DsaJMhcLm_A&feature=player_embedded

http://www.youtube.com/watch?v=gKGptWtzeaU&feature=player_embedded

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag